|
ОСНОВЕН СУД ДЕБАР
И З В Е С Т И Е
По повод на Европскиот ден на граѓанска правда, 25.10.2011 година, Основниот суд Дебар оствари средба со граѓани на Општина Дебар и Општина Центар Жупа кои општини се во месна надлежност на овој суд.
За ваквата активност на судот граѓаните беа предходно информирани преку локалната телевизија “ТВ Жупа“.
На заинтересираните граѓани им се овозможи запознавање со функционирање на системот на правосуството, пристап до правдата и извршување на судските пресуди и слично.
Покрај ваквата активност, судот изврши прием на ученици од четврта година од гиманзија Ц.С.Н.О “ Здравка Чочковски“- Дебар, ученици од албански и македонски паралелки.
Учениците беа запознаети со надлежноста на судот каки и одредени права од повеќе области и тоа семејно право, наследно право и право на сопственост.
Во ова активност од страна на судот беа ангажирани судиите Мерсим Марку и Оруч Абазовски, стручниот соработиник Мевмед Муратоски и соработникот информатичар Патриот Папранику.
Со ваквата активност беше одбележан Европскиот ден на граѓанската правда.
|